Friday, April 29, 2016

МАРКУКУЛЕ


Маркукуле (Маркови Кули) е локалитет кој се наоѓа во непосредна близина на Прилеп.
Составен е од бројни денудациони форми, кои што претставуваат извонредна скулптура на релјефот. Оваа феноменална појава на богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот (кој е изграден од метаморфни карпи-гнајсеви, кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити), климата, релјефот и растителната покривка. Според современите геохронолошки испитувања, гранитите интрудирале пред околу 300 милиони години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 700 милиони години.
Просторот на Маркови Кули, во целина, го сочинуваат поголем број импозантни грамади поврзани во две паралелни низи со правец на протегање север-северозапад, југ-југоисток, чија надморска висина постепено се зголемува од југ кон север. Двете низи грамади во северниот дел се сврзани со највисоките врвови: Златоврв (1422 м) и Липа (1392 м). Низ целиот овој масив се истакнуваат најразновидни форми во вид на врвови и остенци, столбови и запци, печурки, плочи, топки, пештерски и котлести длабнатини.
Низ четиридецениските археолошки истражувања, откриени се остатоци кои што укажуваат на постоење на раноантичка населба – Керамија. Во римскиот период, оваа мала селска населба се проширила во југозападното подрачје, за што сведочат пронајдените мермерни украси од една ранохристијанска базилика.
Сложената основа на влезниот портал говори за повеќе доградувања и реконструкции на просторот. Според некои историски наоди, оваа тврдина, до втората половина на XIII век, па и подоцна, ја бранеле само 40 војници. Населбата била сместена јужно од акрополата, расположена на околу 3,6 хектари. На нејзиниот северен ѕид стои двојна порта, како и голема стражарска куќа, поставена помеѓу влезовите. На јужниот ѕид стојат добро сочувани три кули.
Најдолниот појас на обѕидието се состои од низа куси ѕидови, влечени во искршена линија. Во западниот дел се наоѓаат гробови всечени во карпа. Во XIV век, овој дел служел како привремено прибежиште на околните жители од турската наезда.
По смртта на кралот Марко во 1395 година, оваа населба била заземена од турската стража, поради што животот во неа згаснал во целост. Жителите на некогашната населба свое засолниште побарале во блиската околија. Така, во подножјето на Маркови Кули, се развила населба со разретчена структура, поделена во неколку маала, во кои секое имало своја црква. Оваа нова населба од XIV век го добила името Варош, а во некои пишани документи се споменува и како Марковград.

Потекло на името и историја на градот


  1. Потекло на името                                                                                                                           Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место (место каде што се правело леб). Според некои истражувачи името има старословенско потекло со значење блатно, мочурливо место, место покрај блато. Според Блаже Конески името Прилеп е образувано од личните имиња Прилепа и Прилепка, кои се зачувани во руската антропонимија.
        
  2.  Историја на градот    
    Градот Прилеп и воопшто населби на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкиот локалитет Стибера, кај селото Чепигово. Во близина на градот, на Марковите Кули се откриени траги од предисториска населба. Во раната антика тука израснала населбата Керамија (Ceramie), обновена во доцната антика, која до крајот на антиката останала селска населба и не прераснала во град и епископија.
                                      Улица во Прилеп кон крајот на XIX и почетокот на XX век
                                    
Општина Прилеп




Општина Прилеп се наоѓа во западниот дел на Централна Македонија и според површината е најголема општина во Македонија. Градоначалник на општинаПрилеп е Марјан Ристески.
              знаме                                                                          грб на општината           
                         

Географија -
  1. Сегашната територија на општината е составена од поранешните 
     општини, Тополчани и Витолште. Општината опфаќа дел од Прилепското поле 
    (Пелагонија) и Прилепскиот дел на Мариово.
Општината се граничи со Општина Чашка и Долнени на север, Кавадарци на исток, КривогаштаниМогила и Новаци на запад и Грција на југ.
Општина Прилеп зафаќа поршина од 1 194,44 km2 и има 69,27 жители на km2 густина на населеност.